Еве зошто не треба да пиете вода од пластично шише кое ви стоело во автомобил на топло

вода.webp.webp

факт е дека автомобил паркиран на сонце во текот на летните топли денови, воопшто не е добра локација за чување на вода. Топлината може да го промени составот на пијалакот.

Ако температурата на воздухот надвор е 30°C степени, во вашиот автомобил може да стигне и до 45°C степени.

Истражувањата покажале дека пластичните шишиња при загревање испуштаат бисфенол А, кој предизвикува хормонална нерамнотежа во телото.

Бисфенол А се применува во хемиската индустрија – како основа за изработка на разни видови пластика. Тој има висока издржливост, мала запаливост и можност за апликација како електричен изолатор. Имено, честичките бисфенол од пластични шишиња или лименки можат да стигнат до човечкото тело преку храната и пијалаците.

Истражувањата покажале дека топлата вода може да ослободи честички од бисфенол од пластични садови. Но, дури и без топла вода, овие честички можат да навлезат во храната, на пример ако конзервата е обложена со пластичен слој

Придржувајте се до описите на декларациите и чувајте ги пластичните шишиња на суво и ладно место.

Related posts

Зошто никогаш не треба да го носите вашиот мобилен телефон во тоалет

CityLife

Едноставен тест дома со кој ќе откриете дали ви се затнати крвните садови

CityLife

Синот на кралицата принцот Ендру ѝ подари кученце

CityLife