Древна историја: Шерон Стоун за фамозната сцена во „Ниски страсти“

20210507 sharonstoneinbasicinstict CarolcoPictures 0.jpg

Шерон Стоун ја опиша култната сцена со прекрстување на нозете во Basic Instinct („ Ниски страсти“) како древна историја.

63-годишната актерка глумеше како Кетрин Трамел во филмот од 1992 година, но таа се наврати на незаборавната сцена во нејзините мемоари The Beauty of Living Twice.

Запрашанa за коментар на таа тема во емисијата „Добро утро, Британија“ на британската Ај-ти-ви, Шарон рече: Напишав сè што навистина имав да кажам за тоа во книгата. Тоа е древна историја за мене”.

Шерон во своите мемоари тврди дека член на продукцискиот тим ѝ рекол да ја тргне долната облека на снимање на сцената и дека првпат го гледала филмот во просторија полна со агенти и адвокати.

Таа во книгата напиша: Така ја видов мојата вагина  – снимена за филм, долго откако ми рекоа: Не можеме да видиме ништо, треба да ги извадиш гаќичките бидејќи белото ја рефлектира светлината , па сите знаеме дека имаш гаќички на себе “.

Related posts

Пепелот на Принс ќе биде изложен во Пејсли Парк по повод петтата годишнина од неговата смрт

CityLife

(Видео) Енди Гарсија го прослави роденденот на гости кај Џими Кимел

CityLife

Англија го потврди планот за забрана на мобилните телефони во училиштата

CityLife