Дони Јен се здружува со Киану Ривс за „Џон Вик 4“

Акционата sвезда од Хонг Конг, Дони Јен, ќе му се придружи на Киану Ривс во претстојното четврто продолжение на „Џон Вик“, објави „Дедлајн“.

Филмската франшиза започна кога поранешен платен убиец тргна во потера по насилниците кои упаднаа во неговиот дом, му го украдоа неговиот винтиџ автомобил и го убија неговото сакано куче. Во продолженијата објавени во 2017 и 2019 година, Џон е во бегство откако водачот на бандата ќе постави награда за неговата глава.

Иако приказната за „Џон Вик 4“ е сè уште мистерија, наводно, Дони (57) ќе глуми стар пријател на титуларниот атентатор (Киану), а дуото ја дели истата историја и непријатели.

Филмот наскоро треба да започне со продукција. Ќе се снима на локации во Франција, Германија и Јапонија.

Related posts

Психологијата зад повторното навраќање на исти филмови и серии

CityLife

Седум придобивки од црвената зелка

CityLife

Пет трикови за побрз раст на косата

CityLife