Гром погоди четири лица во близина на операта во Сиднеј

Sydney Opera House.jpg

Четири лица во Австралија се пренесени вчера во болница кога гром ги удрил во близина на операта во Сиднеј, соопштија локалните власти. За време на силна бура, четири лица се скриле под дрво во близина на познатата знаменитост и биле погодени од гром.

Доминик Вонг од Службата за брза помош во Нов Јужен Велс изјави за новинарите дека жртвите претрпеле изгореници и некои проблеми со срцето по инцидентот во ботаничката градина во Сиднеј.

„Сите накратко изгубија свест. Во случај на бура не е добро да се бара засолниште под дрво“, рекол Вонг.

Двајца мажи и две жени, по ударот на гром, биле пренесени во болница, каде што им била укажана прва помош. Властите велат дека тие добиле сериозни повреди, но се во стабилна состојба.

Сиднеј вчера го зафати силно невреме со грмотевици, кое остави без струја повеќе од 10.000 домаќинства и бизниси. Претходно денеска, властите ја затворија главната писта на аеродромот во Сиднеј на 20-ина минути откога гром удри во асфалтот и создаде дупка.

Related posts

Дупка од 10 метри голтна автомобили во Рим, полицијата ја затвори улицата

CityLife

Истражување: Галењето со куче води кон помал стрес и поголема концентрација кај човекот

CityLife

Еве кои зачински билки можете лесно да ги одгледувате во вашиот дом

CityLife