Гвинет Палтроу ќе биде велнес-советник на џиновски брод за крстарење

Гвинет Палтроу стана вешта во продажба на сè, од најважни парчиња облека до секс-играчки и свеќи кои мирисаат на вагини.

А сега актерката и претприемач додава нова професија во нејзината „Гуп“ биографија, велнес-гуру на крстаречки брод.

Гвинет (48) преку Инстаграм во средата објави дека се здружила со компанијата Celebrity Cruises, која организира крстарења на славните, и тие работат на проект што ќе биде претставен со нивниот нов брод „Селебрити бијонд“ следната година.

 

Споделувајќи своја фотографија на плажа, Палтроу напиша: „Јас сум најсреќна покрај, во или на море! Во 2022 година, јас и мојот тим @goop ќе им се придружиме на @celebritycruises на нивниот нов брод, Celebrity Beyond.“

Таа објасни: „Ќе бидам зад сцената, ќе работам на некои специјални проекти како нов советник на добросостојба Мојот тим од Goop подготвува програми за велнес-приврзаници и фитнес опрема за нови искуства и доживувања на славните. Не смеам да откријам повеќе“.

Related posts

Хајди Клум и нејзиното куче Антон спремни да го гледаат шоуто за таленти

CityLife

„Брзи и бесни 9“ постави рекорд на киноблагајните во САД и Сингапур

CityLife

Tејлор Свифт издаде сопствена верзија на Fearless

CityLife