(Видео) Careless Whisper на Џорџ Мајкл прогласена за најомилена песна на сите времиња

Careless Whisper („Безгрижен шепот“) на Џорџ Мајкл е прогласена за најсакана песна на сите времиња.

Класикот и прва соло песна на покојната ѕвезда на „Вем“од 1984 година – која ја напишаа членовите на бендот Мајкл и Ендру – се најде на првото место нa топлистата на Smooth Radio All Time Top 500 за 2021 година.

Сестрата на Мајкл изјави дека била неизмерно горда кога ја слушнала веста дека трета година по ред, Careless Whisper е број еден на Smooth’s All Time Top 500.

„Многу ни значи фактот дека фановите на Џорџ ширум светот сè уште ја сакаат неговата музика,“ рече таа.

Џорџ Мајкл почина во 2016 година.

Related posts

Скарлет Јохансон ги чува сите костуми што ги носела во Марвеловите филмови

CityLife

Лил Вејн даде 15.4 милиони долари за импресивна палата во Хидн Хилс

CityLife

Жешки тркала: На продажба автомобилот кој принцот Чарлс ѝ го подарил на Дијана

CityLife