(Видео) Прв трејлер за „Одред самоубијци“

6 800x432.jpg

„Ворнер Брос пикчрс“ го објавија првиот трејлер за „Одред самоубијци“ (The Suicide Squad) на Џејмс Ган, филм за група негативци кои се здружуваат против многу поголема закана – буквално.

Ган, режисерот на „Чувари на галаксијата“ го напиша и режираше овој проект, пред да почне да работи на спиноф-серија на „ХБО макс“ во која глуми еден од членовите на одредот: Peacemaker (Мировник).

Иако премисата е многу слична на филмот „Одред самоубијци“ од 2016 година, ова во суштина е меко рестартирање на својствата на Диси-универзумот. Само Рик Флагд (Џоел Кинемен), Харли Квин (Марго Роби) и капетанот Бумеранг (Џаи Кортни) се враќаат, повторно заплеткани во одред негативци од Ц-листата, кои мора заедно да извршат невозможни мисии.

Актерската екипа ја сочинуваат Силвестер Сталоне, Маргот Роби, Идрис Елба, Виола Дејвис и Џон Сина.

Related posts

„Но, тоа не е сè! Ако се јавите сега …“. Како пропадна Топ Шоп?

CityLife

Еден и единствен – Клинт Иствуд го прослави својот 91. роденден

CityLife

Совршен пилинг со мед и шеќер за свежа и мека кожа

CityLife