(Видео) Наоми Осака ги охрабрува девојките да прифатат дека се поинакви

Јапонската тенисерка Наоми Осака, која се повлече од два гренд-слем турнири „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“ на основа на ментално здравје, ги охрабри девојките ширум светот да го прифатат тоа што ги прави различни од другите.

Осака (23), една од најголемите надежи на Јапонија за златен медал на Олимписките игри во Токио, го искористи своето место во кампањата на Меѓународниот олимписки комитет „Заедно посилни“ за да каже дека дефиницијата за олимпиец е поширока отколку што се мисли.

„Луѓето можеби мислат дека сум тивка. Поинаква. Дека не одговарам на рамките на она што би требало да биде олимпиец”, вели Осака на почетокот на видеото објавено во четвртокот (8 јули). „Но, јас сум доказ дека дефиницијата е поголема отколку што мислат луѓето.“

Едноминутното видео започнува со Осака како се подготвува да сервира на тениски терен, а потоа се префрла на друга снимка како танцува во централен кварт во Токио, и се смее пред огледало со нејзината сестра.

Видеото, на кое се гледа како таа се потпишува на ТВ-објектив по победа, и на турнир на кој ја претставува Јапонија, прикажани се девојки од сите возрасти кои играат софтбол, рагби, тенис, фудбал, мечување, плус брејкденс.

„Сакам да ги инспирирам девојките што гледаат во моментов. Оние за кои некои мислат дека се премногу различни. Премногу тивки. Премногу нешто…”, вели Осака, која проговори за својата анксиозност, соочувајќи се со интервјуа за медиуми по интензивните натпревари.

„И ако не одговараме на очекувањата за она што луѓето мислат дека треба да бидеме, во ред е. Тоа значи дека ние сме тие што треба да го смениме тоа“.

Related posts

Заврши снимањето на специјалната епизода на „Пријатели“

CityLife

Тејлор Свифт испрати подароци на медицинска сестра: Инспирирана сум од твојата страст за помагање

CityLife

Венчаницата на принцезата Дијана изложена во палатата Кенсингтон

CityLife