(Видео) Мисица ја загуби титулата поради тверкање на „Тикток“

На мис Папуа Нова Гвинеја, Луси Мајно, и беше одземена круната откако на „Тикток“ сподели видео на кое се гледа како тверка.

Критичарите велат дека инцидентот со тверкањето (еден вид танц), ја покажува длабоко вкоренетата култура на омраза кон жените во земјата.

Луси Мајно (25), која била и капитен на женскиот фудбалски тим на Папуа Нова Гвинеја, се соочила со лавина реакции откако на „Тикток“ споделила видео на кое се гледа како тверка, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.

Иако ваквите содржини се чести на оваа апликација, оние кои ја поддржуваат санкцијата по објавеното видео, кое сега е избришано, велат дека истото не е соодветен пример за другите.

„По објавувањето на снимката, Луси Мајно беше ‘ослободена’ од должноста мис на Папуа Нова Гвинеја“, наведе Комитетот за избор на мис на пацифичките острови Папуа Нова Гвинеја (MPIP PNG).

„Нашата главна цел е зајакнување на улогата на жените, ние сме уникатна платформа што го промовира културното наследство, традиционалните вредности и споделувањето преку туризмот“, се вели во соопштението на Комитетот.

Related posts

Од сцена до платно: К-поп sвезди се подготвуваат за уметничка изложба во Лондон

CityLife

Актер номиниран за „Оскар“ вели не му се важни награди во веќе избришана објава на Инстаграм

CityLife

Свежа, женствена, сензуална – Амброзио блеска каде и да се појави

CityLife