(Видео) „Армија на мртвите“ на Зак Снајдер го објави првиот трејлер

Naslov.jpg

Режисерот Зак Снајдер повторно се враќа по мартовската премиера на неговата верзија на „Лига на правдата“ со први целосен трејлер за претстојниот Army Of The Dead („Армија на мртвите“).

Sвездата на „Чуварите на галаксијата“ Дејв Батиста ја предводи големата актерска екипа во која се појавуваат Тиг Нотаро и Омари Хардвик, додека тој прифаќа мисија која ѝ пркоси на смртта.

Приказната следи група платеници кои планираат да ја изведат најголемата кражба во казино во Лас Вегас. Градот претходно бил ограбен од зомби месојадци.

Тизерот сугерира дека „Армијата на мртвите“ на Нетфликс ќе биде комфортна територија за Снајдер, кој првпат се прослави со својот римејк на Dawn Of The Dead („Зора на мртвите“) во 2004 година.

Related posts

Тестот на крвта ja предвидува деменцијата повеќе од 10 години пред да се дијагностицира болеста

CityLife

Движењето „child-free“ и неговите заложби

CityLife

Фестивалот Коачела се врaќа во април 2022 година

CityLife