Асап Роки потврди дека е во врска со Ријана

Американскиот рапер Асап Роки соопшти дека е во врска со пејачката Ријана и ја опиша како „љубовта на неговиот живот“ во интервју за GQ.

Шпекулациите за романсата меѓу двете sвезди почнаа уште во 2013 година, кога раперот ја поддржуваше Ријана како предгрупа на нејзината концерти во рамки на светската турнеја „Дијаманти“.

„Таа е една во милион. Мислам дека кога знаеш, знаеш”, рече тој, додавајќи: „Таа е вистинската“.

Двајцата се појавија во неговото видео во 2013 година за Fashion Killa, додека раперот обезбеди гостински стих на ремиксот на хитот на Ријана Cockiness (I Love It) од 2012 година

Во меѓувреме, тие се обидуваа да избегнат заеднички фотографии и папараци, се наведува во написот на GQ.

Related posts

„Пријатели“ повторно заедно како семејство, вели Џенифер Анистон

CityLife

Љубителка на животни отвори студио за луѓето да можат да посетуваат јога часови со своите кучиња

CityLife

Џенифер Лопез и Алекс Родригез навидум повторно заедно

CityLife