Актер номиниран за „Оскар“ вели не му се важни награди во веќе избришана објава на Инстаграм

1617104639 2.jpg

Само неколку дена откако ја заработи својата прва номинација за „Оскар“ за улогата во „Јуда и црниот месија“, Лакит Стенфилд откри дека не е толку заинтересиран за сезоната на награди.

29-годишниот актер, кој го игра Бил О’Нил во „Јуда и црниот месија“ сподели фотографија од напис во „Дедлајн“ во врска со шпекулациите дека организаторите на церемонијата на доделување на најпрестижните награди размислуваат да ја преиспитаат нивната одлука номинираните да се појават лично, а не преку апликацијата „Зум“.

Стенфилд во својата сега веќе избришана објава на Инстаграм напиша: Се случуваат вистински работи. Кому му е гајле за награди.“

И покрај тоа што ја избриша објавата, таа и понатаму е „заробена“ и брзо се прошири на Твитер.

Ова не е првпат да избрише твит за неговата номинација за „Оскар“, што предизвика одредена конфузија кај познавачите на сезоната на награди.

Related posts

Се снима „Матрикс 5“

CityLife

Џенифер Лопез го носи вереничкиот прстен од Родригез во нова реклама за „Џеј Ло бјути“

CityLife

Драстичен пад на акциите на „Нетфликс“

CityLife