Шакира не е целосно задоволна од сопствената музика

Шакира призна дека никогаш не е потполно задоволна од сопствената музика.

Атрактивната Колумбијка – пејачка, текстописец, продуцент, актерка, танчерка – позната по хитовите Hips Don’t Lie, Whenever… е свој најлош критичар и открива дека секогаш кога ќе ги преслушува своите големи хитови, наоѓа начини како да ги подобри.

Таа за „Вог“ Мексико и Латинска Америка изјави: „Не сум голем фан на себе.“

„Јас секогаш ги слушам работите што сум ги направила и велам: Ова можеше да биде подобро. Никогаш не сум целосно задоволна. Тоа незадоволство не е потполно негативно – има нешто добро.

43-годишната sвезда, чиј последен албум „Ел Дорадо“ излезе во 2017 година, исто така откри дека работи на нов албум и очекува дека ќе биде објавен во 2022 година.

Related posts

Парис Хилтон ќе ја прикаже свадбената церемонија во документарец

CityLife

Почина актерот Кларенс Вилијамс Трети

CityLife

„Барби“, „Прасето Пепа“, „Мојот мал пони“ опасни за деца, тврди кинсеко надзорно тело

CityLife