„Кис“ ги продаде своите авторски права за над 300 милиони долари

кис.webp.webp

Хард-рок групата „Кис“ го продаде својот каталог песни, заштитниот знак и интелектуалната сопственост на шведската компанија „Попхаус ентертејмент груп“. Зделката е проценета на нешто повеќе од 300 милиони долари.

На почетокот на декември, во Њујорк – од каде што оваа американска група и произлезе, „Кис“ го изведе последниот концерт од нивната проштална турнеја.

Ова не е прв пат бендот да соработува со музичката компанија, чиј соосновач е Бјорн Улвеус од „АББА“. Кога излегоа на сцената за нивниот последен настап во „Медисон сквер гарден“, на крајот од концертот, актуелните членови на „Кис“ – основачите Пол Стенли и Џин Симонс, гитаристот Томи Таер и тапанарот Ерик Сингер, претставија дигитализирани „копии“ од себе. Најсовремената технологија е создадена од компанијата за специјални ефекти на Џорџ Лукас – „Индастријал лајт енд меџик“ во соработка со „Попхаус“.

Овие две компании неодамна ги здружија силите и за шоуто „АББА војаж“ во престолнината на Велика Британија, Лондон. 

Related posts

Џеј Ло ќе се пресели во Лос Анџелес за да биде поблиску до Афлек

CityLife

Тешко болната дива објави ретка фотографија со своите синови

CityLife

Дознајте зошто лукот се смета за еден од најмоќните природни антибиотици

CityLife