Кевин Спејси ќе глуми во италијански филм

Kevin Spacey House Of Cards.jpg

Кевин Спејси, наводно, треба да се врати на актерството со мала улога во независен италијански филм во режија на Франко Неро.

Актерот во последниве години држеше низок профил откако во 2017 година се соочи со обвинувања за сексуален напад, кои тој ги негира.

Наводите за недолично однесување предизвикаа Спејси да изгуби неколку договори, вклучително и главна улога во „Куќа од карти“ на „Нетфликс“.

Според „Вараети“, тој треба да се појави накратко во претстојниот нискобуџетен филм на Неро, L’uomo Che Disegnò Dio.

Франко Неро, кој исто така ќе игра во својот филм, за „Еј-би-си њуз“изјави: Многу сум среќен што Кевин се согласи да учествува во мојот филм. Го сметам за одличен актер и едвај чекам да го започнам филмот.

Спејси е добитник на неколку „Оскари“, меѓу кои и за најдобар актер во главна улога за American Beauty во 2000 година и за најдобар актер во споредна улога за Тhe Usual Suspects (2006).

Откако во 2017 година се појавија обвинувања за неговото недолично однесување, Спејси беше отпуштен од „Куќа од карти“ и монтиран за филмот „Сите пари на светот“. Сите сцени што ги сними Спејси беа преснимени со актерот Кристофер Пламер, кој ја презеде улогата на Спејси како милијардер Џон Пол Гети.

Related posts

Доли Партон спие со шминка во случај на вонредна состојба среде ноќ

CityLife

Џорџ Клуни вели дека сè уште сака да глуми, но режијата е „позабавна“

CityLife

Џенифер Лопез ги покажа стомачните

CityLife