„Епл“ го престигна „Самсунг“, стана најголемиот светски производител на телефони

Apple Announce Iphone12pro 10132020.jpg.og .jpg

Според податоците на Меѓународната корпорација за податоци (ИДЦ), секој петти продаден мобилен телефон минатата година бил бренд на „Епл“. Првпат досега „Епл“ го зазеде првото место по бројот на продадени мобилни уреди, јавува Би-би-си. Тоа место дванаесет години му припаѓаше на „Самсунг“.

„Епл“ продаде над 234 милиони мобилни телефони минатата година и покрај зголемените регулаторни предизвици и зголемената конкуренција од „Хуавеј“ во Кина.

„Хуавеј“ неодамна почна да прави сопствени чипови,откако САД им забранија да ја користат технологијата поради наводната опасност што ја претставува за националната безбедност на САД.

„Самсунг“ е сè уште блиску до „Епл“ со удел од 19,4 отсто од вкупниот пазар, но претрпе голем пад. Неговата конкуренција е претставена со подостапни уреди од кинеските производители „Ксаоми“ и „Опо“.

ИДЦ објави дека минатата година биле продадени речиси 1,2 милијарда паметни телефони, што е пад од повеќе од 3 проценти во однос на претходната година. Аналитичарите предвидуваат дека пазарот ќе закрепне оваа година.

Related posts

Хороскоп за 15 февруари: Вагата не дозволува ништо да ја исфрли од колосек

CityLife

Зошто јаболковиот оцет е толку посебен

CityLife

Има решение за стравот од летање и турбуленции во авионот: Проверете на апликацијата

CityLife