Гвинет Палтроу немала поим како да биде добра маќеа

41162030 0 Image A 56 1617173644375.jpg

Гвинет Палтроу призна дека немала поим како да биде добар родител на децата на сопругот Бред Фалчук од неговиот претходен брак

Гвинет разговараше за родителството со колешката маќеа и актерка Габриел Јунион во текот на најновата епизода на The Goop Podcast.

Гвинет и Габриел мораа да се справат со мајчинството од сите агли, вклучително и да бидат помајки на децата на нивните сопрузи.

„Кога станав маќеа, кога знаев дека ќе станам маќеа, јас немав идеја како да го направам тоа “, призна 48-годишната sвезда на „ Железниот човек “.

„Нема што да се прочита. Што да правам? Како да го направам ова?“

Изабела и Броди се деца на сегашниот сопруг на Палтроу, Бред Фалчук. „Тоа беше навистина интересен предизвик за мене, ги сакам, и научив многу за себе низ целиот процес “, додаде таа.

Гвинет има две деца, 16-годишната ќерка Епл и 14-годишниот син Мозес, со поранешниот сопруг, музичарот Крис Мартин, од кого се разведе во 2016 година по 13 години брак.

Related posts

Овие четири симптоми укажуваат на недостиг на омега-3 масни киселини

CityLife

Нутриционист открива зошто не треба да јадеме агруми после оброк

CityLife

„Годзила против Конг“ на врвот на боксофисот со најголема заработка од почеткот на пандемијата

CityLife